„Меси би бил најдобриот бек на светот, само не биможел да брани“

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Лионел Меси летово го напушти „Камп ноу“ по 21 година во Барселона и потпиша за Пари Сен Жермен, а впечатоците на неговите нови соиграчи се уште не се поклопуваат.

Во интервју за шпанска „Марка“, играчот од средниот ред на париската екипа Андер Ерера одговори на прашањето кој според него е најдобар од триото Нејмар – Мбапе – Меси.

„Ух, навистина тешко прашање. Мислам дека Килијан е најдобар на светот во голем простор, Нејмар е играч на фантазија, играч на потези, додека Лео е најдобар во сe друго. Мислам дека тој би бил најдобриот лев бек, но и десен бек. Може да игра се освен да биде на голот. Неверојатно е колку ја разбира играта“, рече Ерера.

Парижаните потфрлија на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, во која се познати како еден од главните фаворити за победа. Одиграа само 1-1 против Клуб Бриж во првото коло на гости.

„Не разбирам зошто би било неуспех за Пари Сен Жермен ако не ја освои Лигата на шампионите. Последните две години игравме во финалето и полуфиналето. Мислам дека е доста голем успех, особено за толку млад клуб. Не разбирам како никој не ги именува Реал, Барселона, Челзи, Сити или Јувентус, само ПСЖ. Тие ни го наметнуваат императивот за освојување, тоа е претерано“, рече Ерера.

ПСЖ ќе го пречека Манчестер Сити во второто коло од Лигата на шампионите во дербито на ова коло од натпреварувањето, а натпреварот ќе се одигра на 28 септември.