Полуавтобиографскиот филм на Кенет Брана, „Белфаст“, ја освои главната награда за избор на публика на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (ТИФФ), што укажува на добри шанси за освојување „Оскар“.
Тој смета дека главната награда на фестивалот во Торонто е добар показател за идниот оскаровец. Претходните девет добитници на оваа награда на ТИФФ сите подоцна освоија Оскар, а меѓу нив се „12 години ропство“, „Зелена книга“ и минатогодишниот филм „Земја на номадите“ во режија на Клои Џао.
„Белфаст“ е црно-бела семејна драма за тој град во Северна Ирска за време на превирањата во доцните 1960-ти, и е инспирирана од детството на режисерот Брана во Белфаст.
Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Џејми Дорнан, Џуди Денч и Киран Хендс, ќе започне да се прикажува во кината на 12 ноември.
Со доделувањето на наградите заврши 10-дневниот Меѓународен филмски фестивал во Торонто, кој годинава беше во хибридно издание поради пандемијата, со проекции со социјална дистанца и виртуелно.
Други големи светски фестивали оваа есен во Венеција, Телурид во американската сојузна држава Колорадо и Њујорк се одлучија за целосно издание со лично присуство.
Сепак, ТИФФ имаше публика оваа година во споредба со минатогодишниот целосно виртуелен фестивал. Бројот на филмови што учествуваа беше намален на околу 100, наместо вообичаените 250 за Торонто, но меѓу нив беа и филмовите што беа најочекувани оваа есен.
Тука спаѓаат научно-фантастичниот спектакл „Дина“ од Денис Вилнев, вестерн мелодрамата „Моќта на кучето“ од Џејн Кампион и биографскиот филм за принцезата Дијана „Спенсер“ од Пабло Ларејн.
До вчера, само еден позитивен случај за Ковид-19 беше пријавен кај посетителите на фестивалот.