Османи наредната недела ќе учествува во дебата на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации

од desk4
162 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, наредната недела ќе патува во САД, каде ќе учествува на Генералната дебата на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.  Шефот на дипломатијата ќе учествува и на средбата со Генералниот Секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и ќе присуствува на обраќањето на Претседателот Стево Пендаровски на Генералната дебата.

Предвидени се средби со високите претставници на администрацијата на САД, но и повеќе билатерални средби со хомолози од географски подалечни држави. Во истата насока, предвиден е и посебен настан за воспоставување на дипломатски односи меѓу Македонија и Филипини.

Посетата на Министерот на Обединетите нации, ќе се искористи и за натамошно промовирање на заложбите на нашата земја, но и на нашите партнери ЕУ и САД, за поддршка на ефективниот мултилатерализам.