„FinanceBuzz“ е финансиска компанија која бара кандидат за необична работа: им треба некој што ќе се согласи да гледа 13 од најстрашните хорор филмови снимени досега.
Гледањето е планирано за октомври, а за време на тоа, ќе се следи чукањето на срцето на „вработениот“.
„Во пресрет на претстојната сезона, сакаме да откриеме дали хорор филмовите со висок буџет предизвикуваат посилни стравови отколку нискобуџетните“, наведува компанијата, додавајќи дека гледањето ќе биде придружено со носење на монитор за отчукувањата на срцето.
Од кандидатот е побарано да ги гледа сите 13 хорор филмови од 9 до 18 октомври, а „FinanceBuzz“ ќе му плати 1.300 долари за тоа и ќе обезбеди средства за да може да ги гледа сите филмови.
Ова се следните наслови:
Saw, Amityville Horror, A Quiet Place, A Quiet Place Part 2, Candyman, Insidious, The Blair Witch Project, Sinister, Get Out, The Purge, Halloween (2018), Paranormal Activity и Annabelle.
Некои можеби ќе уживаат во ова, па можеме да кажеме дека ќе ги заработат парите што им се нудат релативно лесно.