Тренерот на Лион: Како е можно ВАР да не види дека нема пенал за Нејмар?

од Vladimir Zorba
303 прегледи

ПСЖ вчера го победи Лион со 2:1 во натпреварот од 6-то коло во француската Лига 1, со што задржа 100% учинок во шампионатот. Головите ги постигнаа Лукас Пакета за Лион и Нејмар и Мауро Икарди за ПСЖ.

По натпреварот, најмногу се зборуваше за Меси и Почетино, но во таборот на Лион се уште не преболеа како парижаните дојдоа до изедначување.

На прес -конференцијата, Петер Бош го коментираше пеналот досуден за Нејмар по фаулот на Мала Густа. Тренерот на Лион верува дека немало прекршок врз неговиот играч.

„Нејмар е виновен, го влечеше Мала Густа и ја стави раката на грбот. Сигурен сум дека не е пенал. Разбирам дека судијата можеби нема да може да го види во моментот кога се случи, но како е можно ВАР фа не го гледа ниту тоа?“, се запраша Бош, а пеналот го коментираше претседателот на Лион, Жан Мишел Ола по натпреварот:

„Денес сме горди на нашиот тим. Успеавме да создадеме голем број непријатности за ПСЖ. Немаше пенал. ВАР требаше да биде објавен, тоа не беше нормална одлука“.

Дали беше пенал, одлучете сами:

Слични содржини