Во нашиот систем може Министерството да има некаков дополнителен филтер за вакви работи да спречи, меѓутоа вистинскиот ветинг го прават безбедносните служби, тие имаат пракса, имаат искуство и најважно законски надлежности за таа работа. МНР нема надлежност да издава безбедносни сертификати, односно нема процес и процедури што врши такви безбедносни проверки на кандидатите на луѓето, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во врска со врска со ветингот во МНР што го најави актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи по приведувањето на дипломатот во нашата Мисија во ОБСЕ во Виена, Миле Миленкоски .
– Кога добивме информација дека ќе почне истрага во рамките на МВР, од таму добивме прилично штури информации. За таа работа ние ги информиравме безбедносните агенции и во фајлот за вработениот ги има сите овие информации. Дипломатски пасоши добиваат тие што имаат дипломатски статус. Дипломатскиот пасош може да се одземе кога ќе се одземе безбедносниот сертификат, а тоа е во надлежност на безбедносните агенции. МНР нема капацитет да врши безбедносни проценки, рече Димитров.