Мицкоски: Не сум циркузант, се вакцинирав иако имам голем број на антитела

од Nikola Popovski
186 прегледи

Денешната анкета на Брима е платена околу 120.000 евра со владини пари преку тендер. Чувството на терен е дека победата на опозицијата, не е доведена во прашање. Ние нудиме нов квалитет и не сме исти. Убеден сум дека граѓаните ќе препознаат нешто ново, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во тв дуел на емисијата „Само вистина“.

Во однос на прашањето за вакцинацијата и кога точно се имунизирал, тој вели дека не е циркузант, туку човек кој решил да се имунизира како што треба и покрај тоа што имал висок број на антитела во организмот.

-Не сакам да бидам како оние циркузанти, кои што се дел од вашиот тим во модуларните болници и да се вакцинирам пред камери, потенцира Мицкоски.

Слични содржини