Холандија: Ковид-сертификатите се потребни и за во тоалет

од Nikola Popovski
290 прегледи

Иако муштериите на холандските барови не се обврзани да покажуваат ковид-сертификат за пиење или јадење на терасите, тие сепак ќе мора да го имаат тој документ доколку одат во тоалет, објави холандското Министерство за здравство.

Холандските власти минатата недела укинаа некои ограничувања за борба против коронавирусот, вклучително и укинување на физичката дистанца, но најавија ковид-документи за баровите, рестораните и фестивалите.

„Ако сакате да го користите тоалетот, ќе мора да го покажете вашиот код“, велат од министерството, потсетувајќи дека QR -кодот со кој се потврдува дека некое лице е вакцинирано е задолжително за граѓаните на возраст од 13 години.

Меѓутоа, холандскиот премиер Марк Руте неодамна рече дека не е добра идеја да се направи исклучок за муштериите што седат на терасите на кафулињата, бидејќи луѓето неизбежно ќе мора да влезат да ја платат сметката или да одат во тоалет.

„Владата сакаше ковид-сертификатите да бидат присутни насекаде во хотелската индустрија“, рече неименуван претставник на холандското Министерство за здравство за АФП, додавајќи дека тоа не треба да им пречи на луѓето кои сакаат повеќе слобода.

Сепак, таа слобода не може да биде без некои ограничувања, додаде тој.

Слични содржини