Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вчера на Денот на пензионерите и јубилејот – 75 години од постоењето на Сојузот на пензионери истакна дека дека грижата за пензионерите за Владата и за Министерството за труд и социјална политика останува врвен приоритет. И посочи дека одржувањето на стабилнсноста на Пензискиот фонд и во време на најголемата економската и здравствена криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19 и редовната исплата на пензиите е потврда за тоа.
„Нашата порака е јасна, создаваме систем, според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, редовното усогласување на пензијата се врши два пати во годината, од 1 јануари и од 1 јули, според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи. Пензионерите и оваа година, и покрај пандемијата, добија двапати усогласување на пензиите според порастот на трошоците за живот. Со завршувањето на кризата ќе се создадат услови никој во државата да нема пониска пензија од 10.700 денари,“потенцираше Шахпаска.