444
Убавата италијанска актерка Моника Белучи беше фотографирана додека излегуваше од хотел во Атина, па дури и во тој момент изгледаше како вистинска дама.
Имено, Моника носеше долг црвен фустан кој го истакна нејзиниот струк, но и даде доза на елеганција.
Иако стајлингот беше за дневна варијанта, една од најубавите жени на светот успеа да остави силен впечаток дури и со маска на лицето.
Убавината на Моника не може да се сокрие, а овој пат не ја пропуштија и папараците во Атина, кои го забележаа моментот кога таа излегуваше.