Рама: Косово со право го поставува прашањето за реципроцитет, но мора да се избегне замрзнување на дијалогот

од Nikola Popovski

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека Косово со право го поставува прашањето за реципроцитет со Србија, но исто така предупреди дека мора да се избегне прекин на дијалогот.

Тој потсети на претходното воведување такси од 100 проценти за Србија, кога беше прекинат дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Косово го поставува ова прашање со целосно право. За да се реши проблемот и да се обезбеди реципроцитет на регистарските таблички, мора да се избегне бумерангот од замрзнување на дијалогот во овој момент (како што се случи со таксите од 100 проценти)“, напиша Рама во објавата на Твитер.

 

Слични содржини