398
Мицкоски го предизвика Заев и мислам дека премиерот добро одговори на клучните прашања, кои се важни за јавноста во моментов, вели политичкиот аналитичар, Љупчо Зиков во емисијата „Само вистина“, говорејќи за синоќешниот тв дуел меѓу лидерите на најголемите партии во земјата.
Според него, најголем впечаток му оставил моментот кога Мицкоски рекол дека облекол униформа на 2001 година за да војува.
-Јас со мојот весник „Капитал“ бевме први што направивме интервју со тогашниот лидер на ОНА, Али Ахмети после усвојувањето на новиот Устав во 2001 година. Тој тогаш меѓу другото ми рече дека е социјалдемократ по убедување и дека сака да се занимава со социјалдемократија, информира Зиков.