Во 1992 година, претседателството на ПДП донесе одлука да се распише референдум за „Илирида“. Јас бев претседател на Комисијата за тој референдум, вели Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии на трибината: Патот до независноста, кој бил дел од првата македонска влада после осамостојувањето.
Според него, тој процес во тоа време не бил таен.
-Луѓето чекаа во ред да гласаат и претежно беа за такво нешто. Факт е дека во тоа време беше така, информира Хајредини.
Тој посочи дека ДПА била единствената партија во Македонија што ја поддржувала борбата на УЧК и на зборови и на терен.