Почина еден од омилените ликови од „Сексот и градот“

од Vladimir Zorba
399 прегледи

Познатиот актер Вили Гарсон, на сите добро познат како Стенфорд Блеч од култната серија „Сексот и градот“, почина на 57-годишна возраст.

Најдобриот пријател на Кери Бредшо, и нејзин стилист, веќе долго време се бореше со ракот, иако не е потврдено дека тоа е причината за неговата смрт.

Тажната вест ја сподели неговиот син Нејтан на Инстаграм.

„Те сакам многу, тато. Почивај во мир и мило ми е што ги сподели своите авантури со мене и што успеа да постигнеш толку. Јас сум толку горд на тебе. Секогаш ќе те сакам, но се чини дека е време да се впуштиш во независна авантура. Секогаш ќе бидеш со мене. Те сакам повеќе отколку што некогаш ќе знаеш и мило ми е што сега си мирен. Отсекогаш си бил најтешката, но и најсмешната и најпаметната личност што ја познавам. Мило ми е што ми ја подари својата љубов. Никогаш нема да ја заборавам или изгубам“, напиша тој.

Една од sвездите на серијата, Синтија Никсон, позната на сите како Миранда, напиша: „Толку сум тажна што го загубивме Вили Гарсон. Сите го сакавме и сакавме да работиме со него. Бескрајно се забавуваше на екранот исто како и во реалниот живот. Тој беше извор на светлина, пријателство и врвен познавач на шоу -бизнисот. Тој беше совршен професионалец – секогаш“.

И сите ќе го паметиме по генијалните и смешни шеги во серијата, а некои од неговите реченици засекогаш ќе останат во меморијата на сите обожаватели.

Слични содржини