Крис Мекмилан, славниот фризер, најзаслужен за популарната „рашел“, која беше популаризирана во „Пријатели“ на Џенифер Анистон, во 90 -тите години одлучи дека тогашниот љубовен пар, Гвинет Палтроу и Бред Пит, да ги освежат своите фризури, па затоа ги ишиша, и тоа – како близнаци.
Промовирајќи го својот нов серум за коса, со потпис на нејзиниот бренд „Goop“, Гвинет Палтроу се сети на нејзините фризури во текот на годините на живеење и работа во Холивуд. И таму имаше навистина се, а нејзиниот асистент Кевин Китинг и помогна да се сети на нив.
Многумина се уште се сеќаваат кога славната русокоса се обои во темно кафеава боја преку ноќ, додека во 2000 година го снимаше филмот „Љубов како судбина“ со Бен Афлек. Потоа се појави со лоши сини бранови на доделувањето на SAG наградите, но најимпресивната дефинитивно беше идентичната пикси фризура, со шишка на страна, која ја „исфура“ заедно со нејзиното тогашно момче Бред Пит.
„Аууу, истите фризури“, коментираше 48-годишната актерка и основач на брендот „Goop“ во видеото, кога нејзиниот асистент извади култна фотографија од 1997 година од премиерата на филмот „Семе на злото“.
„Отидовме кај истиот фризер за фризура и Крис Мекмилан ја исече нашата коса идентично“.
После тоа, таа објасни дека таа и Пит не намерно „украле“ идентичен стајлинг, на што Китинг рече дека можат да му се јават на Бред и да го прашаат што вели за се, а потоа Гвинет рече да не му се јавува ни случајно, бидејќи никој не рекол дека ќе го вклучи нејзиното поранешно момче во сето ова.
И единственото нешто што се уште е слично со претходните години е дека таа се уште ја фарба косата, која сега е многу подолга, а нејзините производи за коса ја прават совршена.