Сакала да направи совршено селфи во замок во Шпанија, па паднала 30 метри во море: Починала во болница

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Девојка од Украина, која падна во море додека се обидуваше да направи селфи, почина во шпанска болница од сериозни повреди. Таа сакаше да се фотографира во замокот Бенидром, популарна туристичка атракција на брегот.

Според извештаите на медиумите од Шпанија и Украина, Евгенија Пилипец (26), родена во Днепар, паднала од височина од 30 метри од замокот додека се обидувала да направи совршена фотографија.

Наводно, Евгенија ја изгубила рамнотежата додека се качувала преку оградите, велат сведоците. На крајот, таа паднала од замокот, удирајќи во карпа пред да заврши во морето.

Кога спасувачите стигнале до неа, таа изгубила свест и се здобила со неколку повреди опасни по живот.

Инцидентот се случил на 14 септември, а девојката починало три дена подоцна во болница.

Според украинскиот медиум „Страна“, Пилипетс живеела во Киев и работела на телевизија и во филмската индустрија.

Имала успешна кариера, а работела и со актерот и комичар Володимир Зеленски пред тој да биде избран за претседател.

Нејзиниот профил на Инстаграм е полн со фотографии со познати личности, пренесува „RТ“.

Слични содржини