Куман прочита изјава и ја напушти прес-конференцијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
373 прегледи

Барселона претрпе тежок пораз од Баерн во Лигата на шампионите со резултат 3:0, а потоа Гранада го напушти стадионот „Камп Ноу“ непоразена (1:1), а Барса беше таа која успеа да се спаси од пораз во 90. минута.

Холандскиот стручњак, Роналд Куман се појави пред печатот со подготвена изјава на хартија, која ја прочита и веднаш ја напушти салата.

Тој не сакаше да одговара на прашања од претставниците на медиумите, туку само рече: „Клубот е во ситуација на реконструкција со мене. Финансиската состојба е поврзана со спортот, што значи дека мораме да го обновиме тимот без големи инвестиции. На фудбалот му е потребно време, млади луѓе за две години можат да станат светски sвезди. Добро е што младите играчи ќе ги имаат истите можности како Чави и Иниеста, но за тоа е потребно трпение. Ќе биде голем успех ако постигнеме висок пласман во Примера. Не можете да очекувате чуда во Лигата на шампионите“, прочита Куман и ја напушти салата.

Следи натпревар против Кадиз, кој може да биде последен за него доколку не запише триумф.

Барса моментно се наоѓа на осмата позиција во Примера со осум бода.