Британскиот премиер Борис Џонсон конечно призна колку деца има. За време на интервјуто за Е-Би-Си, новинарите го прашаа како е да се биде татко додека ја води државата и дали е вистина дека има шест деца, на што тој одговори потврдоно.
На новинарско прашање на Ен-Би-Си, како е да се биде татко додека ја води земјата, Џонсон изјави дека „тоа е фантастично“.
„Тоа е многу работа. Многу е работа, толку ќе ви кажам, но ја сакам, апсолутно ја сакам и сакам да знаете дека менувам многу пелени“, рече тој.
Џонсон беше запрашан дали во моментов има шест деца, по раѓањето на неговиот најмлад син во 2020 година, а потоа одговори: „Да“.
Децата на Борис
Едно време имаше конфузија околу тоа колку деца има британскиот премиер. Со поранешната сопруга Марина Вилер, Џонсон има четири деца. Лара, Мило Артур, Касиус Пичис и Теодор Аполон. Лара Џонсон е само пет години помлада од неговата идна сопруга.
Тој исто така има дете родено во 2009 година, како резултат на аферата со консултантката за уметност Хелен Мекинтајр. Наводно, нејзиното дете е едно од двете што ги зачнал со љубовницата.
Џонсон постојано повторува дека нема да зборува за својот приватен живот, а за време на изборната кампања во 2019 година, рече дека нема да зборува за своите деца.
Минатата година тој и неговата сопруга Кери Симондс го добија своето прво дете, синот Вилфред, а во јули оваа година таа објави дека повторно е бремена.