Крадецот ќе ја памти бабата: ВИДЕО од обид за грабеж стана вирален хит

од Nikola Popovski

Безбедносните камери го снимија моментот кога млад човек поради обложување одлучил да ограби старица на улица, но не го очекувал ова …

Рускиот медиум РТ објавија видео од баба на возраст од околу 70 години од градот Петровка во регионот Амур, која не отстапува од дрскиот разбојник на улица, иако сторителот бил барем десет пати посилен од неа, со намера да ја ограби.

Имено, видеото го објави локалната полиција и на него се гледа снимка од безбедносни камери на разбојник кој и приоѓа на старицата одзади и ѝ ја краде чантата.

Меѓутоа, старицата не се откажала, туку цврсто го зграбила тоа што е нејзино и не го пуштила дури и кога насилникот продолжил да влече. Таа дури и паднала на асфалтот, а разбојникот потоа ја влечел по улицата. Меѓутоа, тој не успеал и во еден момент се откажал и избегал кога видел случаен минувач. Крадецот подоцна се вратил да и помогне на бабата и да провери дали е добро, но тогаш била повикана полицијата.

Полицијата успеала да ги идентификува сторителот и разбојникот, а за тоа дело е осомничен млад 22-годишник, кој го започнал грабежот откако се обложил со друштвото дека ќе ѝ ја украде торбата на старицата.

Слични содржини