Зошто никогаш нема да го заборавиме Стенфорд Блеч: Сцени што влегоа во историјата

од Nikola Popovski
682 прегледи

Познатиот актер Вили Гарсон, на сите добро познат како Стенфорд Блеч од култната серија „Сексот и градот“, почина на 57-годишна возраст. Американските медиуми наведуваат дека тој се борел со ракот долги години.

Најдобриот пријател на Кери Бредшо, која во серијата ја игра Сара Џесика Паркер и нејзин стилист, веќе долго време се борел со ракот, иако не е потврдено дека тоа е причината за неговата смрт.

Веста беше потврдена од HBO, стриминг сервис кој ја продуцира познатата серија на чии нови епизоди работеше Гарсон. Еден од неговите последни патувања на сетот било во текот на јули.

„Вили Гарсон беше во животот, како и на екранот, верен пријател и светла точка за секој што беше дел од неговиот живот. Тој создаде еден од омилените ликови од серијата и беше дел од нашето семејство речиси 25 години. Неверојатно сме тажни за неговата смрт и изразуваме сочувство до неговото семејство и блиските пријатели“, изјави портпаролот на HBO за New York Post.

Актерките од серијата, но и многу обожаватели се збогуваат со него на социјалните мрежи. Сите ќе го паметат по генијалните и смешни шеги во серијата, а некои од неговите реплики засекогаш ќе останат во меморијата на сите обожаватели.

Некои реплики веќе се споделуваат на социјалните мрежи. Тоа се претежно сцени во кои тој беше со Кери Бредшо.

„Тоа е наше хоби. Некои луѓе прават колажи. Ние осудуваме“.

„О Боже, ова е модна смрт“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @krystlemalloy

„Ми недостасуваат старите добри времиња кога сите беа сами“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Teodoro (@justinteodoro)


„Ме одби некој што воопшто не ме интересираше“.

Слични содржини