179
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и МВР Оливер Спасовски не ја говорат вистината кога тврдат дека за „Ерменската афера“ прв пат слушнале во август оваа година, кога Србија извести дека го уапсила дипломатот Миле Миленкоски, кој со логистика од Македонија шверцувал обвинети од Ереван до Виена, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Тој презентираше документ од април оваа година од Загреб, кој известува за екстрадициониот притвор на македонскиот државјанин Бранислав Димитриевиќ во Осијек, баран преку Интерпол.
– Тоа е само уште еден доказ дека раководството на МВР, АНБ и МВР, за „ерменската афера” дознало многу порано, но молчеле, посочи тој.