Законот за работните односи, со кој се дефинира дека недела е ден на неделен одмор останува блокиран на Комисијата за труд и социјална политика, поради процедурални забелешки.
-Овој Предлог закон овозможува над 92 проценти од вработените да одмораат во недела и со тоа да создадат рамнотежа меѓу приватниот професионалниот живот.Дополнително, законското решение кое е на второ читање во матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика, за малиот процент работници кои ќе работат во недела гарантира дополнителни најмалку 50 проценти повисока дневници, а во делот на моловите во недела ќе се работи во една смена, работниците ќе добијат 100 отсто повисока дневница, а ќе имаат право на слободен ден во текот на работната недела. Во делот на контролата на работењето увид ќе вршат надлежните инспекторати, изјави за Утрински брифинг министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.