Ќе изненадиме на овие избори со нашиот пристап.Нашиот принцип е да се дадеме со се, искрено и чесно, очекуваме кога народот ќе препознава искрени намери, вредност, доблест и интегритет, вели претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски во Студио 10 на ТВ24.
-Околните народи и држави ја примаат и ја спроведуваат таа визија, да одиме чекор понапред и да погледнеме од повисока перспектива на нашата реалност. Да покажеме од Македонија богата и просперитетна држава. Има систем на монополи, кај нас има монополски партии, во политичкиот систем. 90% од Буџетот оди кај монополите. Зошто победникот од претходните парламентарни избори да има 90% Буџет, зошто 90% од медиумската кампања да им припаѓа на победниците на претходните избори. Toa се коси со здравиот разум.Ние како народ тоа го прифаќаме како нормално. Тоа е како на Усеин Болт да му дадете предност 100 метри пред другите тркачи затоа што е победник на претходната трка. Ако немате конкуренција, отворен пристап, тогаш резултатот ќе е ист.Ако сакаме да имаме исчекор мора да има нови идеи.Две три партии веќе со години не тормозат на политичката сцена, вели Ристовски.