Франција: Навивачите го пробија кордонот и се тепаа на теренот

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Продолжува лудилото на навивачите во францускиот фудбал, откако приврзаниците на Олимпик Марсеј и Анже имаа конфликт на теренот во средата вечерта!

Хаосот во Франција најпрво го предизвикаа навивачите на Ница кои го прекинаа натпреварот со споменатиот Марсеј, потоа хаосот продолжи на натпреварот помеѓу Лил и Лион, откако навивачи на Олимпик го пробија безбедносниот кордон по 0: 0 со Анже и истрчаа на полето.

Редарите не беа во можност да ги воздржат, а епилогот е размена на удари помеѓу двете навивачки групи.

Медиумите во Франција наведуваат дека навивачкото лудило стана се поголем проблем на локалните власти, а загриженоста наводно ја изразиле челниците на администрацијата на Марсеј, кои се прашувале зошто нивните навивачи имале толку лесен пристап до теренот.

Слични содржини