142
Минситерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека ќе се прави анализата за високата смртност од коронавирус во Македонија.
-Една подетална, која што ќе ја анализира здравствената состојба на пациентите. 73 пациенти кои починале имале најмалку 2 хронични болести. Ова бара детална анализа. Здравствената состојба, пристапот во редовноста во земањето терапија, начинот на лекување, колку често се јавувале на прегледи. Тоа е една важна анализа,рече Филипче.