Шумахер и Мазепин во Хас и следната сезона

од Vladimir Zorba
458 прегледи

Германецот Мик Шумахер и Русинот Никита Мазепин и следната сезона ќе возат за тимот на Хас во Формула 1 шампионатот, објави американскиот тим.

Двајца возачи дебитираа во Формула 1 оваа сезона, и само тие и нивниот тим немаат освоено бод во шампионатот.

„Веруваме дека можеме да напредуваме како тим, и дека ќе можеме да им дадеме на Мик и Никита моќен автомобил за да го направат следниот чекор во кариерата“, рече директорот на Хас, Гинтер Штајнер.

Синот на легендарниот возач Михаел Шумахер, Мик, рече дека првата сезона била возбудлива, и дека служи за собирање искуство.

„Новите технички правила, импресивната амбиција на целиот тим и поддршката од Ферари, верувам дека сето ова ќе не приближи до борбата за бодови во 2022 година“, рече Шумахер.

По објавувањето на нивното продолжување на договорот, само местото на вториот возач во тимот на Алфа Ромео е непознато за следната сезона, откако претходно беше објавено дека Финецот Валтери Ботас ќе се приклучи на тој тим.

Формула 1 шампионатот продолжува оваа недела со трката за Големата награда на Русија.

Слични содржини