Невакцинираните наставници во Израел ниту ќе можат да предаваат, ниту ќе добиваат плата

од Nikola Popovski
232 прегледи

Израелската влада објави дека просветницте работници кои не биле вакцинирани против коронавирус или не биле тестирани, нема да работат во образовните институции, ниту да примаат плата.

Министерството за здравство побара практиката на „зелена транзиција“ да се применува во сите училишта од 3 октомври.

Според тоа, просветните работници ќе треба да достават документ што покажува дека биле вакцинирани, прележале Ковид-19 или дека имаат негативен тест.

Било побарано наставниците и професорите кои не ги исполнуваат овие критериуми да не бидат примени во образовните институции.

Просветните работници кои немаат „зелена потврда ќе се смета дека отсуствувале без причина и нема да примаат плата.

Нема да може да предаваат ниту преку Интернет.

Според тамошното министерство за образование, околу половина од 210.000 просветните работници во земјата примиле две дози од вакцината против коронавирус.

Слични содржини