Вчера попладне било пријавено дека градежен работник од Скопје починал на подрачје на Гази Баба.

„На 23.09.2021 во 16,39 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека при изведување градежни работи на зграда во изградба на подрачје на Гази Баба паднал работникот М.Ц.(55) од Скопје, кој починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и инспектор од Државен инспекторат за труд, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција“, велат од МВР.

Слични содржини