Во текот на изминатите 24 часа во земјава починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (98г, 82г, 79г, 79г, 79г, 74г, 69г и 69г), 2 починати лица од Кочани (89г и 82г) и по едно починато лице од Гостивар (80г), Тетово (46г), Велес (78г), Радовиш (68г), Штип (66г), Битола (86г) и Валандово (85г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 лица, со датум на смрт во период од 12.09.2021 до 22.09.2021 година. Овие починати лица се: 2 од Скопје и едно починато лице од Гостивар. Починатите се на возраст од 67-93 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 2 лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.274.003 тестирања на квид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.551 бројката на оздравени пациенти е 170.734, на починати е 6.577, а бројот на активни случаи изнесува 12.240.