285
Изборната кампања за Локалите избори 2021 закажани за 17 октомври ќе почне утре (27 септември) и ќе трае 20 дена пред денот на изборите.
Учесниците на изборите, политичките партии и независните кандидати веќе го најавија почетокот на кампањата, како и активностите што ќе следуваат.
Најголем дел од кандидатите за градоначалници и советници веќе имаа неформални средби со граѓаните и претставување на своите програми на социјални мрежи.
Кампањата завршува на 15 октомври на полноќ.
Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.