Филипче: Напред розово!

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Денеска чекоревме со Борките. Почнувајќи од 2019, заедно направивме многу. Системски го подобривме делот на пристапот и квалитетот на здравствената заштита кај пациентите со карцином на дојка и други малигни болести,соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во нашата земја, повеќе нема пациент со малигна болест за којшто не е обезбедена најквалитетна, иновативна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата.

Пациентите кои не се со живеалиште во Скопје, сега ја примаат терапијата во својот град, а доколку не се подвижни, преку Црвениот крст таа им се носи и дома. Покрај лекувањето, пациентите имаат и психолошка поддршка која е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите.

Остануваме посветени на обезбедување максимална здравствена заштита за сите наши граѓани и активна и инклузивна соработка со граѓанските организации. Само со заеднички напори може да го унапредиме нашиот здравствен систем.

Редовните лекарски контроли, но и самопрегледот на дојка се најефикасни за рано откривање и дијагностицирање на болеста. Не сте сами! НАПРЕД РОЗОВО!“, посочи министерот

Слични содржини