“Летал“ на автопат во Србија: Македонец со „Ауди А8“ фатен како вози 252,8 км/ч

од Берта Китинска
218 прегледи

Припадниците на српската сообраќајна полиција околу 12:30 часот на автопатот Ниш-Белград кај Велика Плана, запреле возач на возраст од 32 години, кој возел со 252,8 километри на час, на делот од автопатот каде што е дозволена брзина од 130 километри, пишува n1info.rs.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, возачот на „Ауди А8“, кој е државјанин на Македонија, е исклучен од сообраќајот и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава за насилничко возење.

Слични содржини