Нови 112 позитивни на корона во последното деноноќие

од Nikola Popovski
306 прегледи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 82
• Кавадарци – 8
• Куманово – 6
• Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по 2
• Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 419 оздравени пациенти од:

• Скопје – 175
• Куманово – 46
• Струмица – 27
• Кавадарци – 23
• Штип – 20
• Тетово – 18
• Битола – 12
• Дебар – 10
• Валандово – 9
• Свети Николе – 8
• Гостивар и Пробиштип – по 7
• Велес и Кочани – по 6
• Прилеп, Крива Паланка, Кичево, Ресен, Гевгелија и Берово – по 4
• Неготино, Радовиш, Кратово, Крушево и Пехчево – по 3
• Македонска Каменица и Македонски Брод – по 2
• Охрид и Виница – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.279.154 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини