Бајден ја прими третата доза од вакцината против Ковид-19

од Nikola Popovski
280 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден ја прими третата доза од вакцината против Ковид-19 во понеделникот, со надеж дека ќе им даде силен пример на Американците да прифатат дополнителна доза, додека некои од нив допрва треба да ја примат дури и првата.

Во САД, третата доза на Фајзер/Бионтек беше одобрена минатата недела за сите луѓе над 65 години, оние кои се повеќе изложени на вирус поради работа и луѓе на возраст од 18 до 64 години со фактори на ризик за развивање на посериозна форма на болеста.

Бајден (78) ја доби првата доза на 21 декември минатата година, а втората на 11 јануари, која беше пренесувана во живо на телевизија за да го поттикне населението да се вакцинира.

Во понеделникот, тој рече дека неговата сопруга Џил исто така ќе добие дополнителна доза наскоро.

Околу 60 милиони Американци имаат право на трета доза од вакцината, а од втората треба да поминат најмалку шест месеци.

Примајќи ја инјекцијата, Бајден ги отфрли критиките дека САД треба да им дадат повеќе вакцини на посиромашните земји пред да започнат со вакцинација во нивната земја. „Ќе го направиме она што треба“, рече тој.

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) се уште не го разгледала барањето на Модерна за бустер доза, а Џонсон и Џонсон се уште не аплицирал.

Експертите продолжуваат да промовираат вакцинација, додека регионалните фокуси на болести низ САД продолжуваат да го оптоваруваат здравствениот систем, што може дополнително да се наруши со исцрпеност на лекарите и медицинските сестри или од персоналот што одбива да вакцинира.

Слични содржини