Околу 100 Американци се уште чекаат да го напуштат Авганистан

од Nikola Popovski
155 прегледи

Околу 100 американски државјани сe уште чекаат да го напуштат Авганистан, објави синоќа Стејт департментот, наведувајќи дека „непредвидливоста“ на Талибанците и натаму е најголемата пречка за евакуација, објави „Гласот на Америка“.

„Најголемото ограничување за заминување на нашите и другите граѓани од Авганистан е, се разбира, непредвидливоста на Талибанците во однос на тоа кому му е дозволено да ја напушти земјата“, изјавил за новинарите неименуван висок претставник на американскиот Стејт департмент.

Според него, втората најголема пречка е недостатокот на редовни комерцијални летови што ќе им овозможи на оние кои сакаат да го напуштат Авганистан да го сторат тоа „на предвидлив начин“.

Претставникот на Стејт департментот проценува дека околу 100 американски државјани и лица со дозвола за постојан престој во моментов се „подготвени да го напуштат“ Авганистан.

Околу 124.000 луѓе одлетаа од Авганистан откако САД објавија повлекување на војската, а талибанците ја преземаа власта.

Од кога сите американски војници официјално ја напуштија земјата на 31 август, Стејт департментот наведува дека 85 Американци успеале да си заминат од Авганистан.

Слични содржини