203
На 27.09.2021 во 17.20 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници од Оперативен тим Потраги од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода З.Ч.(46) од Скопје. За него била распишана централна потерница, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.