Алијанса на Албанците бара 10 дополнителни денови за пописот

од Nikola Popovski
194 прегледи

Собранието под итно да повика седница и да предвиди 10 додатни денови за пописот, што и беше предлог од парламентарната група на Алијанса и Алтернатива од јануари кога и се доведе законот за пописот, бараат од Алијанса на Албанците.

Според нив, неважни се видеата со кои се рекламираат лидерите на политичките партии како се попишуваат, кога во овој процес останаа непопишани обични граѓани.

-Заводот за статистика треба да работи 24 часа на ден, без прекин, ако тоа е потребно, со цел да не остане ниту еден граѓанин непопишан, а не да не им се дозволува на попишувачите да попишуваат по 5-6 домаќинства на ден со образложение дека не работи серверот- оваа информација доаѓа од попишувачите, велат од АА.

-Aлијанса за Албанците беше единствената партија која во март се спротивстави на одложување на пописот на населението за есенва и се потврди дека имавме право. Едноставно е, пописот се одложи за да спласне еуфоријата и мотивацијата на Албанците да се попишат. Дали некој е запознаен дека диајаспората од моментот на одложувањето комплетно го има игнорирано овој процес и не продолжи да се попишува? Значи, се докажа дека тоа беше политичка одлука преземена како одговор на тогашниот масовен интерес на Албанците да се попишат, изјави денеска пратеникот на партијата, Халил Снопче.

Слични содржини