Бентлито на Роналдо остана без гориво, чекале седум часа на дожд за да го наполнат

од Nikola Popovski
613 прегледи

Може да имате милиони на вашата сметка, Бентли од 300.000 евра во гаражата, но нема корист кога не можете да го наполните. Недостатокот на гориво веќе со недели ја тресе Велика Британија и богатите и славните, а Кристијано Роналдо се соочи со идентичен проблем во пресрет на натпреварот со Виљареал во Лигата на шампионите (2:1).

Тој неодамна купи „Бентли Флајинг Спар“ со кој доаѓа на тренинзи во Карингтон последните неколку дена, меѓутоа наскоро ќе мора да набави Тесла или некое превозно средство на струја бидејќи нема гориво на Островот.

Неговото обезбедување во вторниот го придружувало приватниот возач до локалната бензинска пумпа во Ренџ Ровер, за да наполни гориво со двете возила, но кога пристигнале немало гориво. Биле толку очајни што чекале речиси седум часа на дожд, а „Мирор“ пишува дека на крајот не дочекале и морале да се вратат во вилата на Роналдо со двете возила на резерва.

Погледнете ја целата ситуација ТУКА.

Фото: Eamonn and James Clarke

Слични содржини