Ангелов: По долги суши следуваат поплави

од Берта Китинска
299 прегледи

Пред неколку недели најавив дека оваа есен може да очекуваме поплави бидејќи искуството покажува дека тоа често се случува по долги суши. Не мислам на некакви поплави од огромни размери туку на поплави покарај реките кои поради зголемените врнежи би се излеале. Но, сеедно ние мора да сме подготвени, вели  Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој веќе остварил средби со Водостопанство и тие веќе ги имаат исчистено големите канали за одвод на водата до реките, но помалите канали се во надлежност на градоначалниците. Во Велес веќе при првиот дожд видовме реки по улиците.

-Имав прес на кој предупредив за ова како и за пожарите летоска, а предупредив и дека нашите можности како држава се скромни. Некои градоначалници не презедоа мерки надевајќи се дека ние ќе помогнеме при пожарите. Сепак сетам дека сега посериозно нѐ сфатија градоначалниците одошто летоска со пожарите, вели Ангелов за Утрински брифинг.

Поплавите со себе носат и свлечишта кои исто така се голем проблем. Особено што летово имавме големи пожари во кои настрадаа големи површини шуми, а има и појава на дива сеча на шуми што придонесува за форирање на такви свлечишта. Задачата на ЦУК за овие свлечишта е да ги означи, како оние големите така и помалите покрај патиштата.

Слични содржини