Случај ,,Плацови на Водно”: Изведени материјални докази на рочиштето за предметот

од Берта Китинска
417 прегледи

Судењето за случајот ,,Плацови на Водно” денеска продолжи со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството.

Одбраната на обвинетиот Јордан Камчев во овој случај, приговараше на изведувањето како доказ на договор за пренос на удел меѓу фирмите „Сиран” и „Орка”.

– Доказите се прибавени на незаконит начин. Овој доказ не може да се третира од причина што недостасува потпис, печат и штембил на другата договорна страна, истакна одбраната на обвинетиот Јордан Камчев.

По изведување на материјални докази судењето за овој предмет влегува во фаза на презентација на вербални докази, односно сослушување на сведоци. Според најавите на Обвинителството, против обвинетите ќе сведочат десетина сведоци.

При презентацијата обвинителката Лиле Стефанова изведе разни докази од наредби за претрес одобрени од Кривичниот суд Скопје и записници од привремени одземени предмети.

Слични содржини