„Меѓаши“ за скандалот со извидниците: Ги охрабруваме дојавувачите да бидат во што поголем број

од Берта Китинска
456 прегледи

Ги охрабруваме дојавувачите да бидат во што поголем број, да се дознае вистината и доколку се покаже дека децата се жртви на злоупотреба и кршења на нивните права, оваа масовна злоупотреба на деца, не смее да помине неказниво, велат од првата детска амбасада  „Меѓаши“ за Локално.

Оттаму бараат јавното обвинителство најитно и темелно да го расчисти случајот бидејќи, како што велат од „Меѓаши“  постојат сериозни индиции дека станува збор за кривично дело во кое децата се жртви на манипулација и злоупотреба.

-Детската амбасада Меѓаши дејствува превентивно во заштита на децата и нивните права. Постојано изнаоѓаме начини да допреме до нив, да станат свесни за себе и нивното опкружување кое некогаш може да биде насилно и како да превенираат и да се заштитат, но и да добијат соодветна итна поддршка доколку се жртви на сексуална или друг вид злоупотреба, и што е многу важно ги охрабруваме да пријавуваат. За наставниот кадар од основните и средните училишта организираме информативни едукативни сесии на овие теми односно како да превенираат насилство меѓу децата и како да постапуваат во такви случаи, но и како да работат со децата во правец на намалување на насилството. За родителите организиравме во изминатите годи работилници на тема Позитивно родителство, но мора да признаеме дека тоа е капка во морето, дека се потребни многу повеќе такви едукациски сесии во континуитет, објаснуваат  од Меѓаши.

Од амбасадата велат дека немаат информација дали децата досега се обратиле некаде и побарале психолошка помош.

-Ги охрабруваме да се јават на СОС телефонот за деца и млади при Детската амбасада МЕЃАШИ отворен 24/7 и стои на располагање на сите деца и млади и загрижени родители/старатели, граѓани/граѓанки.Апелираме во иднина родителите кога даваат согласност за учество на нивните деца за било каков настан да побараат програма (агенда), добро да се информираат за истиот и истовремено доколку е тоа можно да се побара и родителска средба со организаторот, велат од „Меѓаши“.

Од „Прв Скопски Извиднички Одред“  вчера  негира дека се случил ваков настан но жалат што ваква медиумска покриеност не се случила кога, како што велат дека организирале многу крводарителски, хуманитарни, еколошки акции, кога подигнувале свест за заштита на животна средин и ја пошумувале и чистеле државата од отпад.

За конретниот настан оттаму велат дека манифестацијата „Есенски бакнежи“ прегратки“ е традиционален настан чија цел е да ги спои основите на рок музиката, извидничките вештини и сексуалното образование.

-Настанот е наменет за категоријата постари извидници (постари малолетници над 16 години). На овој настан учестуваа 32 учесници доборволно пријавени во екипи по 4 лица преку своите матични одреди и 10 волонтери од ПСИО. Акцијата се креира од млади за млади и се одржуваше во безбеден простор, во забавна и младинска атмосфера, и секој учесник имаше можност да пријави доколку се почувствува непријатно.

Есенски бакнежи, прегратки се одржува веќе 12 години и до сега сите настани поминале без никакви проблеми, поплаки или повреди, а имаат учествувано повеќе од 500 млади.

Но, родител на едно од децата вели дека малолетници ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација.

Активностите на кампот вклучувале соблекување на облеката и прашања колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, боење на полови органи, пеење песни во долна облека.

Градот го раскина договорот со „Прв Скопски Извиднички Одред“ а од МВР велат извршиле разговор со родителот и оти за случајот е известен Јавен обвинител.

Б.М.

 

 

Слични содржини