Канје и Ким се смирија (ФОТО)

од Nikola Popovski
871 прегледи

Ким Кардашијан и нејзиниот поранешен партнер, раперот Канје Вест, беа фатени заедно пред ресторан во Малибу, што ги подгреа сомнежите дека повторно се заедно!

Ким и Канје изгледаа опуштено, како се да е во ред, односно како и понатаму да се во брак, а старлетата прилично  добро се подготвувала за овој состанок.

Malibu, CA – Kim Kardashian and Kanye West grab dinner with friends at Nobu in Malibu.
*UK Clients – Pictures Containing Children
Please Pixelate Face Prior To Publication*,Image: 635614242, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Овие папарацо фотографии се појавија во странските медиуми, што создаде вистинска бура, бидејќи двојката се разведе на почетокот на годината, како и гласините дека нивниот брак се распадна поради измамата на раперот, што тој „ги призна“ во својата нова песна.

Како причините за развод, Ким изјави дека е вознемирена што раперот често се сели од држава во држава, како и дека сака да си даде можност конечно повторно да биде среќна.

Malibu, CA – Kim Kardashian and Kanye West go to dinner together at Nobu in Malibu.
*UK Clients – Pictures Containing Children
Please Pixelate Face Prior To Publication*,Image: 635613999, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: GAMR / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

„Едноставно, не можам веќе вака. Не знам зошто си дозволувам да бидам на истото место каде што заглавив пред неколку години. Секоја година се сели во друга држава, а морам да се обидам да ги одржувам сите заедно и да воспитувам деца. Но, признавам, тој е прекрасен татко и направи неверојатна работа“, откри Ким неодамна и додаде:

„Само мислам дека тој заслужува некој што ќе го поддржува во секој негов чекор и ќе го следи каде што сака, дури и да е селидба. Јас едноставно не можам. Се чувствувам како неуспех. Ова е мој трет брак и се чувствувам како губитник. Конечно сакам да бидам среќна“, рече таа.

Слични содржини