Д-р Даниловски: Ако е скапо да се тестираат сите 240.000 ученици, тогаш барем оние со респираторни симптоми

од Nikola Popovski
700 прегледи

Проф. Д-р Драган Даниловски смета дека скринингот на случајно избрани ученици нема да спречи ширење на инфекцијата дури и ако да е секоја недела ниту пак тоа е против епидемиска мерка.

-Со еднократен скрининг само на случаен примерок 40.000 ученици, значи секое 6-то дете од вкупно 240.000 ученици или 5 деца во клас од 30 ученици. Ќе се добие само груб увид во моментралната состојба зошто еднократен скрининг не е против епидемиска мерка уште помалку епидемиска мерка е скрининг само на мал дел од сите ученици, вели Даниловски за ТВ Сител.

Според него, за тестирањето да има епидемиолошка логика и да има ефект тоа треба да се направи периодично во тек на време и критериум за тестирање треба да биде вкупната популација ученици од 240.000 деца, или ако тоа е скапо барем оние кои имаат респираторни симптоми, вели професорот по епидемиологија.

Слични содржини