7 граѓани ја изгубијата битката со Ковид-19, уште четворица во текот на септември

од Nikola Popovski
764 прегледи

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа починале 7 лица од коронавирус.

По 2 починати лица има од Скопје ( 61г, и 91г), по едно починато лице од Кочани (74г), Виница (69г), Кичево (56г), Прилеп (73г), и Струмица (69г).​

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 15.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Битола и едно лице од Скопје, на возраст од 51 до 80години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.288бројката на оздравени пациенти е 173.332, на починати е 6.694, а бројот на активни случаи изнесува 12.262.

Слични содржини