Се огласи таткото на Бритни: Судот погреши што ми го одзеде старателството

од Nikola Popovski
649 прегледи

Откако судот во Лос Анџелес во средата го прифати барањето на адвокатот на Бритни Спирс и му го одзеде старателството на нејзиниот татко, Џејми Спирс реши да проговори.

„Господинот Спирс ја сака својата ќерка Бритни безусловно. Тринаесет години, тој се обидуваше да го направи она што е во нејзин најдобар интерес, или како конзерватор или како нејзин татко, започна неговата адвокатка Вивијан Торен.

„Секој што се обидел да му помогне на член на семејството кој се бори со проблеми со менталното здравје, ја разбира количината на секојдневните грижи и потребата да го направи она што е потребно“, вели тој, додавајќи дека одлучил да ја држи устата затворена за време на лажни, шпекулативни и неподдржани напади од медиумите, јавноста и Бритни.

Одлуката на судот е загуба за Бритни, смета Џејми.

„Судот погреши што ме суспендираше и назначи потполен странец да управува со имотот на Бритни и само го продолжи заштитното право што Бритни побара од судот да го откаже претходно ова лето“, напиша Џејми.

Тој беше заменет со Џон Забел, сметководител избран од Бритни и нејзиниот адвокат, за привремено да ги надгледува нејзините финансии.

Следното рочиште е закажано за 12 ноември.

Фото: PacificCoastNews.com / Pacific coast news / Profimedia

Слични содржини