Кузеска: ВМРО ДПМНЕ и Данела нудат веќе реализирани проекти на Шилегов (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
253 прегледи

„ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека немаат ниту идеја, ниту став, ниту пак своја програма. Мицкоски зборува за враќање на парите кон граѓаните, а СДСМ веќе четири години со конкретни мерки ги враќа парите кај граѓаните“, изјави денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„И ова е само еден од примерите – ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски немаше храброст да понуди кандидат од своите редови ниту за општина Центар, ниту за Град Скопје.

Знаат однапред дека се губитници, зошто нивните најголеми досигнувања и истовремено најпогрешни инвестиции беа во проектот „Скопје 2014“ токму во центарот на Скопје!“, истакнува таа.

Слични содржини