Менаџерот на фудбалскиот клуб Ливерпул, Јирген Клоп (54) рече дека одбивањето да се прими вакцина против Ковид е слично како возење во пијана состојба, бидејќи претставува закана за другите.
Говорејќи за вакцинацијата, германскиот тренер рече дека не разбира како вакцината против Ковид се гледа од анти-ваксерите како „ограничување на слободата“, откривајќи дека 99 проценти од фудбалерите на Ливерпул биле вакцинирани“, објави Скај Њуз.
„Ако кажам дека сум вакциниран, другите луѓе велат: „Како можеш да ми кажеш дека треба да се вакцинирам и јас?“ Знаете, тоа е малку како да возите пијан, сите сме биле во ситуација да испиеме пиво или две, мислејќи дека можеме да возиме, но законот вели дека не е дозволено, затоа не возиме.Но тој закон е таму, не за да ме заштити мене кога пијам две пива и сакам да возам. Тој е таму за да ги заштити другите затоа што сум пијан“, рече Клоп.
Прашањето за вакцинација меѓу фудбалерите стана една од главните теми откако медиумите во Англија објавија дека само седум од 20 клубови во Премиер лигата вакцинирале повеќе од 50% од фудбалерите, додава „Скај“.