Актерка ослабе повеќе од 30 килограми, па се соблече во бикини (ФОТО)

од Nikola Popovski
529 прегледи

Актерката Ребел Вилсон целосно се трансформираше откако минатата година успеа да изгуби неверојатни 30 килограми, а својата трансформација, на која работеше вредно, ја прикажа на Инстаграм.

Вистинското изненадување на фановите го предизвика фотографијата на која таа позира во тесен црвен костим за капење со патент, кој го откопча речиси до папокот за фотографијата и ја покажа својата нова, речиси совршена линија.

„Никогаш не е доцна да работите на себе и да го подобрите вашето здравје, срце, среќа, хармонија. Поддржете ги сите што се обидуваат да бидат малку подобри оваа недела. Напорот секогаш се исплатува“, напиша актерката во описот на фотографијата на Инстаграм.

Следуваше лавина реакции на нејзиниот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„Вие сте таква инспирација, прекрасна и однадвор и однатре“, „Изгледаш неверојатно“, „Преубава си, ти благодарам што не мотивираш сите“, се само дел од комплиментите што ги доби, а фотографијата собра повеќе од половина милион лајкови.

Фото: Christopher Willard/ABC via Getty Images

Слични содржини