343
Њујорк Никс го загуби трпението со аргентинскиот кошаркар Лука Вилдозо.
Тие одлучија да го отпуштат без да одигра натпревар во НБА лигата, по пет месеци соработка.
Вилдозо не играше ниту во Летната лига, а и му претстои операција на глуждот, па Никс го загуби трпението.
За да се ослободат од поранешниот најкорисен играч на финалето на шпанската АЦБ лига (2020), требаше да му платат 3,5 милиони долари, додека закрепнувањето од повредата ќе го „покрие“ НБА лигата.
Како слободен агент, тој ќе може да избере нова средина. Најверојатно тоа ќе биде враќање во Европа, каде успешно го носеше дресот на Басконија.
Помина четири сезони во Виторија и се шпекулира дека би можел да се врати таму.