Ситуацијата со коронавирусот е стабилна, вели Филипче

од Берта Китинска
188 прегледи

„Ситуацијата е прилично стабилна. Стабилна во смисла на тоа да има скоро идентичен број на нови дијагостицирани случаи, помеѓу 450-500. Но бројот на хоспитализирани пациенти се намалува насекаде низ државата“-ова го потенцираше министерот за здравство, д-р Венко Филипче на денешниот брифинг со новинарите, објаснувајќи ја епидемиолошката состојба со коронавирусот во земјата.

Тој додаде дека во болниците ширум државата, во клиничките болници, како и општите, пациентите со Ковид-19 биле сместени само во инфективните одделенија. Многу мал број има во Кичево и Тетово, по 5. Во Охрид биле хоспитализирани 10 пациенти, Прилеп 17, додека во Струга 15.

„Останува во Скопје, хоспитализација на Инфективната клиника и на двете приземни одделенија на старата Инфективна клиника“ – истакна Филипче.

Слични содржини